|
Напишано од Administrator
Среда, 09 Септември 2009 11:53 |
|
|
|
|
|
Заедницата на Ромите во Република Македонија, состојби и предизвици во домување и здравство |
 | На 29 февруари 2008 (петок) во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје се одржа прес конференција, на која ХДЗР „Месечина“ – Гостивар го објави извештајот „Заедницата на Ромите во Република Македонија, состојби и предизвици во домување и здравство“. Во изготвувањето на извештајот како автори учествуваа Неда Милевска-Костова и Ениса Еминова од ЦРИС Студиорум. |
Издавањето на овој извештај беше овозможено со поддршка од Институтот за трајни заедници (ИТЗ) преку фондови на Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД). Извештајот е прва обемна студија од ваков вид, каде што се сублимирани голем број на податоци за состојбата на Ромите во домување и здравство во Македонија и други земји потписнички на „Декадата на вклучување на Ромите 2005 – 2015“. Тој, освен детектирањето на клучните проблеми, содржи и успешни практики и методи кои можат да послужат за подигање на нивото и квалитетот во домувањето и здравството кај Ромите. На презентацијата беа поканети и претставници на Владата на Република Македонија, дипломатските претставништва во земјава, министерствата за труд и социјална политика, транспорт и врски, здравство членовите на владиното Координативно тело за Декадата, како и претставници на домашни и меѓународни организации. На самиот настан на присутните им беше поделен бесплатен примерок од извештајот во печатена форма и примерок во ЦД, на македонски и на англиски јазик.
|
|
Последно освежено ( Среда, 09 Септември 2009 12:21 )
|