|
||||
| Еднаков пристап до здравствена заштита |
|
Пристапот до здравствените услуги е само еден од многуте димензии на здравствената состојба кај населението. (комитетот за економски, социјални и културни права при советот на Европа препознаваат четири димензии на правото на здравје: достапност, расположливост, прифатливост и квалитет). Подобрувањето на пристапот е еден од клучните чекори во намалувањето на здравствените разлики меѓу општото население и маргинализираните групи. Пристапот до здравствените услуги е право и предуслов за добра здравствена состојба, без која не може да се постигне целосно вклучување во социјалниот, економскиот и политичкиот живот. Пристапот до здравствените услуги е неделив од уживањето на другите социјални услуги, како што се образованието, домувањето, социјалната заштита, а исто така индиректно влијание во процесот на наоѓање на работа и задржување на истата. За да можат да се разберат причините за лошата здравствена состојба и нееднаквиот здравствен статус на Ромите во однос на општата популација, мора да се земат во предвид нееднаквостите кои се поврзани со постоечките политички и економски структури, кои придонесуваат за нееднаква распределба на ресурсите. Како посебен проблем во Р. Македонија се појавува покриеноста со имунизација на децата од ромското население. Истражувањето за опфатеноста со имунизација на децата Роми беше спроведено од страна на Месечина – Гостивар и ЕСЕ – Скопје во 10 градови во Р.Македонија. Беа опфатени 645 домаќинства од кои 1410 деца, 51.5% беа машки а, 48.5% беа женски. Анкетата беше поделена на 4 дела: · Општи податоци · Податоци по однос на имунизација на децата · Податоци за родителот · Социо-економски податоци Според сознанијата на граѓанските организации овој проблем е доста длабок и комплексен. Во Р. Македонија сеуште нема систем за транспарентна дисеминација на информациите за тоа како се троши буџетот кој е предвиден за програмата за имунизација на децата. Државата нема специфични податоци за состојбата со имунизацијата кај Ромите, со цел да преземе афирмативна политика во оваа област, а во согласност со Стратегијата за Ромите и Декадата за инклузија на Ромите. |
| Последно освежено ( Петок, 09 Јули 2010 10:14 ) |










