|
Петок, 09 Јули 2010 09:31 |
|
|
Месечина |
|
Месечина Гостивар е граѓанско здружение коe е формирано и дава придонес за социјална интеграција, ефективно учество и еднакво учество во демократските права и потенцијали наменети за Ромската заедница, на национално и локално ниво, низ јакнење на капацитетот, директната подршка и застапувањето за Ромите. |
|
|
|
|
Четврток, 10 Септември 2009 00:32 |
|
|
Ромите во хаос на регулација на здраствената политика во Република Македонија |
|
Според широко прифатената дефиниција на Светската здравствена организација (СЗО), здравјето претставува состојба на целосна физичка, ментална и социјална благосостојба, а не само едноставно отсуство на болест или слабост. Благодарение на оваа дефиниција,Светската банка во 1993 година здравјето го стави како еден од клучните фактори кои влијаат на економската состојба на едно општество, како клучен чинител врз работоспособноста на населението. Подобрувањето на здравствената состојба придонесува кон економскиотраст и развој на четири начини: ја намалува загубата на продуктивност настаната како резултат на заболувања кај работниците; овозможува употреба на природни ресурси кои биле целосно или делумно недостапни како резултат на болести; го зголемува бројот на деца кои посетуваат училиште и им овозможува да бидат поспособни за учење; и овозможува употреба на средствата за други цели кои инаку би се употребиле за лечење на одредени заболувања. |
|
|
|
Среда, 09 Септември 2009 11:53 |
|
|
Заедницата на Ромите во Република Македонија, состојби и предизвици во домување и здравство |
 | На 29 февруари 2008 (петок) во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје се одржа прес конференција, на која ХДЗР „Месечина“ – Гостивар го објави извештајот „Заедницата на Ромите во Република Македонија, состојби и предизвици во домување и здравство“. Во изготвувањето на извештајот како автори учествуваа Неда Милевска-Костова и Ениса Еминова од ЦРИС Студиорум. |
|
|
|
|
|